top of page
Search

Рубио се враќа во клубот во кој ја започна кариерата

22.07.2024 Juli Ponedelnik

Искусниот шпански плејмејкер Рики Рубио нема да ја заврши кариерата и ќе се врати во клубот во кој го започна кошаркарското патување-тоа е тимот на Хувентуд.

Ова се информациите кои доаѓаат од Пиринеите и кои велат дека Рубио прифатил да биде дел од „зелено-црните“, екипата за која настапуваше од 2005 до 2009 година по што следуваат епизодите во Барселона, НБА лигата во која играше повеќе од една деценија за да во оваа година се врати дома, прво во Барса, а сега во составот од Бадалона.

Рики во одреден период имаше проблеми со менталното здравје, му требаше време да одмори, да одлучи кој е следниот чекор, реши да и се врати на кошарката за да сега по едне цел круг направи кам-бек на познато место.

Минатата сезона одигра 13 натпревари во Евролигата и реализираше по 4,7 поени, 4,3 асистенции и 3,2 скока. Во шпанскиот шампион пак одигра 15 меча за Барселона со просек од 6 поени, 4,1 асистенции и 3,1 скока.


0 views

Comments


bottom of page