top of page

Рубен Аморим ќе биде нов тренер на Милан

15.06.2026 juni ponedelnik

По преговорите со неколку кандидати, Милан одлучи кој ќе биде новиот тренер на седумкратниот европски шампион.

Станува збор за Португалецот Рубен Аморим, кој се согласи на соработка од три години со италијанскиот фудбалски клуб.

Според договорот, Аморим ќе заработува 3,5 милиони евра нето. Милан долго време преговараше со Оливер Гласнер, поранешниот менаџер на Кристал палас, но на крајот се одлучија за португалскиот стратег.

Во кариерата го водеше Спортинг, со кој имаше одлични резултати, а потоа следуваше преселбата во Манчестер јунајтед каде што се соочи со многу проблеми и беше отпуштен по една година.

Во минатата сезона на клупата на Милан беше Масимилијано Алегри кој не успеа со тимот да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, откако заврши на петтото место во Серија А веднаш зад Комо и Рома.


 
 
 

Comments


bottom of page