Search
Ројселанд најбрза во спринтот на 7,5 километри
Марте Олсбу Ројселанд доминираше на трката на 7,5 километри во бијатлон. Норвежанката стекна голема предност во однос на конкурентките за трката во потера, на 10 километри, која на програмата е в недела. Водечката во Светскиот куп го освои првиот индивидуален златен медал во Пекинг. Ројселанд беше беспрекорна на стрелиштото, тоа во комбинација со одличното трчање и донесе резултат 20:44,3 минути и предност од 30,9 секунди пред Швеѓанката Елвира Оберг. Бронзата ѝ припадна на Доротеа Вирер од Италија. Таа задоцни 37,2 секунди зад Ројселанд. Потерата на 10 километри, в недела ќе почне во 10 часот по средноевропско време.
コメント