Ротен: ПСЖ падна на нозе за Меси, но тој не ни донесе титули
Пари Сен Жермен доживеа елиминација од Лигата на шампионите, а секогаш кога тоа се случува има драма, потреси, реацкии во францускиот клуб и околу него.
Секогаш се бараат виновници, се вперува прст кон некого со тоа што некако странците секогаш се на удар или тренерот. Многу стратези се менуваа низ годините поради неуспехот во ЛШ и останува да видиме што ќе биде со Криштоф Галтие, а во меѓувреме се говори за играчите со тоа што акцент се става на Лионел Меси иако Килијан Мбапе е оној кого сите го ставаат на пиедестал, играч кој треба да биде лидер, клучен ас кој треба да овозможи да дојде до посакуван трофеј на „Паркот на принцовите“.
-Интересното е тоа што го видовме во Катар, ги видов неговите движења, како се вложи себеси. И тоа не ми пречи затоа што е националниот тим, посебна работа, но ајде малку почитувајте го клубот од главниот град, оној што ви овозможува да одржувате статус и плата.
-Само ПСЖ можеше тоа да му го даде, тие паднаа на нозе затоа што мислеа ќе им помогне да ја освојат ЛШ. Ама тојне ни донесе титули, -порача Жером Ротен за „РМЦ Спорт“.
Comments