Ротен повторно го подбра ПСЖ: За екипа со таков буџет…
19.04.2022 April Vtornik
ПСЖ го победи Олимпик Марсеј во големото француско дерби и дополнително се приближи до титулата, но голем дел од француската јавност е разочарана од она што беше прикажано на теренот на ова „класико“.
Стручните коментатори на француските медиуми не беа воодушевени од квалитетот на натпреварот, а поранешниот француски репрезентативец, Жером Ротен, смета дека ваквиот впечаток се должи најмногу на настапот на домашниот тим.
– За спектакуларен натпревар ви се потребни два тима, но најодговорни за лошиот впечаток се парижаните.
– Веќе се навикнаа дека нема атмосфера на стадионот поради бојкотот на најверните фанови, има се помалку страст на теренот, па и фановите се постудени на трибините.
– Ако не беа судиските одлуки кои одеа во прилог на ПСЖ, домаќинот немаше ни да победи. Со таков буџет, со такви плати на фудбалерите и тренерот, очекувате барем нешто приближно на спектакл. А, ПСЖ од почетокот на сезоната игра на контри, не се во можност да креираат игра на теренот, – истакнал Ротен.
Comments