Ротен конечно ги поштеди трите ѕвезди и го впери прстот: Тој е најголем проблем во ПСЖ
02.02.2022 Januari Sreda
Жером Ротен е дежурен критичар на ПСЖ како поранешен играч на овој клуб и воглавно на менито му се наоѓаат главните ѕвезди Лионел Меси, Килијан Мбапе и Нејмар, но во последното обраќање, конечно го поштеди триото и го пронајде главниот виновник во Париз. По елиминацијата од Ница во Купот, критиките од француските медиуми одново беа неизбежни, но додека јавноста ја префрла вината кај тренерот Маурисио Покетино во чија работа раководството има се помала доверба, Ротен го гледа проблемот малку подлабоко. Поранешниот играч на ПСЖ вели дека Покетино нема лесна работа поради лошата планификација на тимот, кој во неговата глава е прекуброен и неизбалансиран поради спортскиот директор Леонардо. – ПСЖ нема економски проблеми и можеше да донесе играчи и во јануари. Но, ПСЖ има огромен број на фудбалери во првиот тим и ако се донесат уште еден или двајца, ќе стане невозможно за Покетино. ПСЖ е преполн, а проблем е што не знае да продава. – Мораа да ослободат неколку фудбалери и да најдат решение, но очигледно играчите не сакаат да си одат. Леонардо е централниот и клучен проблем на ПСЖ. Тој купува, секој може да купува, но очигледно не знае да воспостави контакт со играчите. Особено со оние кои немаат доволно минутажа. Леонардо е одговорен за ситуацијата на ПСЖ, играчи како Икарди се голема грешка на Леонардо, – потенцира Ротен.
Comments