Ротен за „Златната топка“ за Меси: Срамота, па тој не беше најдобар играч и во неговиот клуб!
Лионел Меси беше прогласен за најдобар играч на светот и по осми пат во неговата кариера ја освои „Златната топка“, најпрестижното признание во светот на фудбалот.
Добар дел од јавноста смета дека Лео заслужно ја доби оваа награда, но оние кои го тврдат спротивното се поактуелни, добиваат поголем простор, внимание, а токму таков е случајот со Жером Ротен.
Ротен е познат како дежурен критичар на Меси, тоа го правеше додека Аргентиенцот беше дел од Пари Сен Жермен, а продолжи во негов стил и откако заврши таа приказна со тоа што сега сега фокусот беше Златната топка.
-Овае е срамота! Се разбира дека е срамота. Што се однесува до мене, требаше да заврши кај Халанд. Кои критериуми не наведуваат од август 2022 до јуни 2023 година да кажеме дека Лео Меси е над другите? Речиси не постои критериум каде тој е број 1. Ако го погледнеме неговиот учинок, тој е инфериорен во однос на Халанд, иако го освои Светското првенство. Халанд освои се со Манчестер Сити. И секако не можеш да го споредуваш со Светското првенство, бидејќи Халанд е Норвежанец.
-Во ПСЖ, Меси не беше над останатите, тој не беше најдобриот играч во клубот. Проблематично е тоа што човекот кое ја освои Златната топка, кој треба да биде најдобар играч на светот, не е ни најдобар играч во неговиот клуб. Мои пријатели новинари [гласачите], во последните три-четири години, Меси не е најдобриот играч на светот. Мора да престанете да бидете во делириум! И во последните четири години, тој освои две награди „Златна топка“. Така што за мене е срамота. Халуцинирам.
-Халанд ги собори сите рекорди. Момчето освои се и постигнува преку 60 гола за една година. Кога Меси и [Кристијано] Роналдо го направија тоа, беше сосема нормално тие да бидат број 1. Ама Меси постигна само дваесет гола за својот клуб минатата година, додека Роналдо постигна 60. И ми велат дека на оваа Златна топка мора да се даде кредибилитет? Ама нема никаков кредибилитет!, -истакна Французинот за „РМЦ Спорт“.
Comments