top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Роналдо: Јас сум отпорен на куршуми, сите ме знаат кој сум, ќе зборувам кога јас сакам

Кристијано Роналдо за прв пат се соочи со медиумите по бомбастичното интервју кое го имаше со Пирс Морган и во кое отворено, без влакна говореше на многу теми како Манчестер Јунајтед, Лионел Меси, неговите критичари како Гери Невил, Вејн Руни…

Португалецот ги изненади медиумите со своето појавување, но не толку и со пораките кои ги испрати во негов стил и тоа пред самиот настап со националниот тим на СП.

-Тајмингот е секогаш тајминг. Од ваша страна лесно е да се погледне како можеме да избереме тајминг. Понекогаш пишувате вистини, понекогаш пишувате лаги. Не треба да се грижам што мислат другите. Ќе зборувам кога сакам. Сите знаат кој сум јас, во што верувам. Ме познаваат [овде] од мојата 11 година. Нема да бидат под влијание на она што луѓето го кажуваат и пишуваат за мене.

-Атмосферата е одлична, без проблеми, целосно сме фокусирани. Можеш да помогнеш со тоа што да зборуваш за мене. Јас сум целосно отпорен на куршуми и направен од челик. Ако ги прашувате другите играчи за Кристијано Роналдо, ќе бидам вознемирен. Ако сакате да ги прашате за Светското првенство и за тимот, би сакал тоа да го направите, рече Кристијано.

Португалија ќе го отвори Мундијалот против Гана, а во групата се уште Уругвај и Јужна Кореја.


1 view

Comments


bottom of page