Роналдо притиска за ангажман на негов сонардоник во Ал Наср
- Aleksandar Santovski
- Jul 10, 2023
- 1 min read
Кристијано Роналдо веќе некое време е во Саудиска Арабија, па во изминаитве месеци имаше можност од права рака да се запознаа со животот во оваа земја, но и со квалитетот, фудбалските услови во истата.
Роналдо како да повлече нога, па доста познати имиња видовме како се преселија на Блискиот Исток, има најава за уште доста, а меѓу нив може да биде и Отавио од Порто.
Имено „А Бола“ пренесува дека Кристијано притиска за трансфер на Отавио во Ал Наср. Тој му се јавил на сонардоникот и го убедувал да дојде во неговиот клуб.
Офанзивецот има откупна клаузула која изнесува 31 милиони фунти ако се активира до 15 јули, поточно истата по тој датум ќе биде 47 милиони фунти.
Наводно Отавио може да заработи петпати повеќе од тоа што сега го има во Порто, поточно 12 милиони фунти годишно што може да се покаже како пресудно за трансферот.

Comments