Роналдо потпиша двегодишен договор со Јунајтед, но неговата мајка уште отсега го убедува на нов тран
Updated: Sep 23, 2021
22.09.2021 Septemvri Sreda
Кристијано Роналдо режираше сензационален кам-бек во Манчестер Јунајтед и се погрижи за ѕвездено враќање на првите три натпревари кои ги одигра, бидејќи за 250 минути минати на теренот, успеа да постигне четири погодоци.
Фановите на клубот се во фудбалски транс откако Роналдо демонстрираше завидни квалитети и на 36-годишна возраст, па откако клубот го осигура најмалку на две години, се добива впечаток дека напаѓачката позиција на Солскјер ќе биде во сигурни раце во наредните две сезони.
Роналдо има опција да остане и плус една сезона на „Олд Трафорд“, но ако го направи тоа, ќе оди против волјата на неговата мајка која открива дека уште отсега го убедува својот син да се врати во Спортинг Лисабон.
– Роналдо мора да се врати во Спортинг, мора да се врати за да ми ја исполни желбата. Тој сака да ги гледа натпреварите на Спортинг и веќе му кажав што мислам.
– Пред да умрам, сакам да го видам како се враќа во Спортинг. Ми порача дека ќе види како ќе се одвиваат работите, но ако на крајот не биде тој, ќе биде Кристијано Јуниор. На негова возраст, тој е подобар од неговиот татко. На таа возраст, Роналдо немаше тренер, а Кристијанињо го има најдобриот ментор, – вели Долорес Авеиро во интервјуто за „АДН Леао“.
Comments