Роналдо одново ќе го носи дресот со бројот седум во Манчестер ј.
ФУДБАЛ – АНГЛИЈА
Кристијано Роналдо ќе го носи дресот со бројот седум во англискиот фудбалски премиерлигаш, Манчестер јунајтед, потврди клубот, пренесе „Би-би-си“. Роналдо ќе го носи бројот што го носеше за време на својот прв престој на „Олд Трафорд“, кој досега го носеше уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани, кој сега ќе го има бројот 21. – Не бев сигурен дали е можно повторно да го имам дресот со бројот седум, затоа би сакал да му искажам огромна благодарност на Еди (Кавани) за овој неверојатен гест – рече Роналдо, пренесе „Би-би-си“. Се очекува Роналдо да го има своето второ деби за Манчестер јунајтед на мечот со Њукасл во Премиер-лигата на 11 септември. – Португалската суперѕвезда славно го носеше легендарниот број на дресот за време на неговиот прв престој во Јунајтед и сега можеме да потврдиме дека Роналдо ќе го има на грбот уште еднаш – објави Манчестер јунајтед на својата интернет-страница.
Comments