top of page

Роналдо, Надал и Гасол отвораат ресторан во Мадрид

15.03.2022 Mart Vtornik

Тројцата најпопуларни спортисти во Шпанија, фyдбалерот Кристијано Роналдо, тенисерот Рафаел Надал и кошаркарот Пау Гасол отвораат ресторан во срцето на Мадрид, објави „Мундо депортиво“. Трите големи спортски ѕвезди ќе влезат во светот на кулинарството и нема сомнение дека ресторанот многу брзо ќе стане едно до најпосетените места во престолнината на Шпанија. На менито ќе има италијанска и медитеранска кујна, приготвена со врвни продукти. Вистинска ѕвезда е и главниот готвач, тоа е Италијанецот Емилијано Чели.

Ентериерот е инспириран од италијанскиот стил, популарен во 1960-тите, популарно наречен долче вита (сладок живот).

За Надал ова не е прво кулинарско искуство, тој веќе има ресторани на Ибица и во Беверли Хилс, а и Кристијано Роналдо е во хотелиерскиот бизнис и има свои хотели во Лисабон, Маракеш и во родното место Мадеира, а в година планира да отвори и хотел во Манчестер.


 
 
 

Comments


bottom of page