top of page

Роналдо лут на Исланѓаните по постигнатиот гол и историскиот Гинисов рекорд: Ова беше војна

Криситјано Роналдо имаше ден за паметење во Рејкјавик, бидејќи пред почетокот на мечот постави Гинисов рекорд и стана првиот машки играч кој настапил 200 пати за една репрезентација, а потоа го заокружи неверојатниот јубилеј со постигнат гол за победа.

Португалија се мачеше на гостувањето кај Исланд и го скрши отпорот дури во 89-та минута, кога капитенот Роналдо се најде на вистинско место и во вистинско време за да ја смести топката во мрежата.

Сепак, дел од заклучоците беа дека Португалците беа добро чувани и сопрени од страна на дефанзивно поставениот домашен тим, по што Роналдо се налути и посочи дека постојано бил удиран од противниците.

– Кој ме сопрел? Тие постојано се служеа со удари, ме удираа за време на целиот натпревар. Не игравме најдобро што знаеме, но не секогаш може да играте онака како што сакате. Исланд играше со низок блок и ни нанесе многу удари. Мислам дека ми направија 12 или 13 фаули само во првото полувреме.

– И покрај ова, на крајот покажавме карактер и победивме. Квалификациите се одлучуваат на вакви натпревари, ова беше борба, ова беше војна. Страдавме, но ја добивме, – изјави рекордерот Роналдо.


 
 
 

Commentaires


bottom of page