top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Роналдо испрати порака со Георгина од заедничкиот кревет и ги запали социјалните мрежи (Фото)

Кристијано Роналдо со години наназад се грижи да го одржи брендот „КР7“ во живот и тоа му беше овозможено и во Манчестер Јунајтед такашто Единсон Кавани му ја отстапи „седумката“, но Португалецот сега е многу блиску до овој број и на приватно поле.

Португалската фудбалска ѕвезда ова попладне соопшти супер вест преку социјалните мрежи, односно од заедничкиот кревет со својата партнерка Георгина, откри дека чекаат близнаци и ќе станат татко и мајка на уште две деца.

Роналдо има три деца од сурогат мајка, едно веќе доби со Георгина во 2017-та година (Алана Мартина), а откако на јавноста и соопшти дека чекаат уште две деца, социјалните мрежи експлодираа со пораки поврзани за бројката седум.

Со новите две деца, Роналдо ќе дојде од бројката од шест, па ќе му недостасува само уште едно да дојде до фамозната бројка „7“ која е симбол за него во професионалната кариера.

– Пресреќни сме што можеме да соопштиме дека очекуваме близнаци. Нашите срца се полни со љубов, не можеме да дочекаме да ве запознаеме, – гласи објавата на Роналдо која предизвика бура од реакции, а меѓу честитки има и многу комични коментари поврзани за седмото дете кое сите ќе го очекуваат во иднина.


1 view

Comments


bottom of page