top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Роналдо испрати порака за незаборавните сцени во Ливерпул: Ти благодарам „Енфилд“!

Кристијано Роналдо поради смртта на својот новороден син го пропушти големото дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед кое се одигра во вторникот, но кое ни долови дека фудбалот сепак е повеќе од игра и дека овој спорт негува вредности кои се пример за следење.

Поради големата трагедија која му се случи на Португалецот, комплетното гледалиште на „Енфилд Роуд“ силно ракоплескаше во седмата минута и му изрази огромна поддршка на Кристијано Роналдо, ставајќи го големото ривалство во втор план во такви тешки моменти.

Навивачите на Ливерпул покажаа класа и сцените на „Енфилд Роуд“ ќе останат вечно во сеќавање, а истите го трогнале и Кристијано Роналдо кој денеска се јави на социјалните мрежи.

По пораката која ја испрати неговата сестра во текот на вчерашниот ден, со видео објава од случувањата на „Енфилд“ излезе и Роналдо без оглед на тешкиот пораз кој го претрпе неговиот тим.

– Еден збор… Еден спорт….. Едно глобално семејство….. Ти благодарам „Енфилд“. Јас и моето семејство никогаш нема да го заборавиме овој момент на почит и сочувство, – порача Роналдо.



3 views

Comments


bottom of page