Роналдо и Погба треба да учат од него: Пандев влезе на послeдниот прес во стил на голем шегобиец (ВИ
21.06.2021 Juni Ponedelnik
Горан Пандев на вчерашната прес-конференција официјално соопшти дека дуелот со Холандија ќе биде него последен во дресот на македонската репрезентација.
Популарниот Гоче смета дека настапот на Европското првенство е најдобар начин да стави крај на репрезентативната кариера, односно им остави простор на помладите да се докажуваат во наредниот период.
Меѓутоа пред да почне официјалниот прес нашиот капитен одлучи да се пошегува на актуелна тема, а тоа се поместувањето на шишињата, поточно спонзорите од масата на која играчите комуницираат со медиумите.
Сите добро знаат што Кристијано Роналдо и Пол Погба направија со Кока Кола и Хајнекен, но и каков потег имаше рускиот селектор Станислав Черчесов.
Пандев се пошегува и низ насмевка истакна дека треба да ги ги тргнат шишињата со Кока Кола и да стават Струмка.
Pogledni go videoto na linkot dole
Comments