top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Роналдо и Модриќ одат на ЕП, покажувајќи дека возраста не е граница за модерните фудбалски ѕвезди

10.06.2024 Juni Ponedelnik

На возраст од 39 години и пред да игра на рекордното шесто европско првенство, долговечноста на Кристијано Роналдо на највисоките фудбалски нивоа речиси му пркоси на верувањето, а Лука Модриќ има 38 години, уште настапува за Реал Мадрид и ќе се очекува да го обезбеди т.н. икс-фактор за Хрватска на Европското првенство во Германија, кое почнува в петок, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).Најдобрите играчи ги продолжуваат своите кариери подолго, и покрај зголеменото темпо и интензитет на модерната игра. Од спортистите се бараат повисоки нивоа на фитнес и издржливост, но тоа се совпаѓа со постојано подобрување на експертизата за тоа како да се максимизираат перформансите, пишува АП.– Спортската наука имаше влијание врз тоа како го подготвуваме современиот играч во однос на исхраната, начинот на живот, програмите за тренирање. Излеговме од 80-тите и 90-тите години со зголемено ниво на професионализам – изјави за АП Тони Струдвик, спортски научник со повеќе од три децении искуство во фудбалот.Струдвик имаше истакнати улоги во Манчестер јунајтед, Арсенал и во репрезентацијата на Англија и сега е директор на медицинските оддели во Вест Бромвич албион. Работеше со Роналдо во Манчестер јунајтед кога португалскиот напаѓач првпат се етаблира како еден од најдобрите играчи во светот, пишува АП.– Тој само се постави за успех. Реков пред четири или пет години, знаејќи колку е професионален Роналдо, може да игра до 40 години. Тоа не беше проблем – рече Струдвик.Со оглед на неговиот 40-ти роденден на повидок, Роналдо не покажува знаци дека е подготвен да се откаже. И со напредокот на спортската наука, долговечноста што ја постигнуваат Роналдо и Модриќ може да стане норма. Не е толку многу што спортистите физички се променија со текот на годините, туку тоа беше промена во менталитетот.– Видовме еден вид еволуција во професионализмот наспроти еволуцијата во генетиката. Не беше дека играчите беа непрофесионални (во минатото), тие едноставно не знаеја што не знаеја. Има многу повеќе надзор врз играчите во однос на одговорноста – рече Струдвик.Подобрувањето на животниот стил на играчите ги продолжува кариерите, при што многумина ги користат услугите на експерти за фитнес за да се осигурат дека ќе останат во одлична состојба дури и за време на вонсезоната. Рајан Гигс се занимаваше со јога во неговите подоцнежни години за да му помогне да ја продолжи кариерата и да му дозволи да игра за Манчестер јунајтед до својата 40-та година, пишува АП.Многу врвни играчи, исто така, се потпираат на услугите на приватни готвачи, кои испорачуваат дневни оброци што се нутриционистички избалансирани, а во исто време се со квалитет како во ресторан.Тоа е додаток на она што го обезбедуваат елитните клубови, кои имаат одделенија за исхрана за да им помогнат на играчите да водат дневници за храна и да им обезбедат обука за исхрана. Во минатото, некои играчи имаа оброци од месо пред натпреварот, пишува АП. Многу работи се променија, со тоа што некои менаџери забранија сосови на масата.Род Торнли, масер што работеше во Манчестер јунајтед и во Англија, може да се сети кога италијанскиот тренер Фабио Капело го презеде раководството на репрезентацијата на Англија.

– Првиот оброк пред натпреварот беше само огромен сад со тестенини. Без сос, само тестенини. Момците гледаа наоколу велејќи „Што е ова? Не можеме да го јадеме ова“ И тоа е сѐ што тој понуди. Тоа беше тоа – изјави Торнли за АП.Масажата игра улога во избегнувањето повреди на меките ткива. Современите играчи имаат неколку масажи во текот на неделата на терените за тренинг или дома.– Колку повеќе вежбате, толку вашите мускули стануваат позатегнати. Влијаеш на мускулите, влијаеш на мускулната маса, влијаеш на зголемувањето на затегнатоста, на недостатокот од еластичност во мускулите. Тоа е огромен дел од одржувањето на играчот во форма, одржувањето здрав играч, за одржувањето на играчите на теренот – рече Торнли.Исто така, се користат и ледените бањи за да помогнат во закрепнувањето на играчите.Во случајот со Роналдо, не е случајна извонредната кариера во која тој освои пет награди „златна топка“ за најдобар фудбалер во светот, според Торнли. Тие работеа заедно во Манчестер јунајтед, каде што Роналдо ја освои првата од петте титули во Лигата на шампионите.– Роналдо едноставно го имаше тој менталитет каде што само сакаше да биде најдобар во сѐ. Тој сакаше да биде најдобриот играч на светот од моментот кога се појави. Тој беше само еден од оние момци за кои знаевте дека ќе направи сѐ што е потребно за да биде таа личност, и тој го направи и го докажа тоа – рече Торнли. Н.М.


1 view

Comentarios


bottom of page