Роналдо зазема став и објасни зошто Суперлигата е добар проект за фудбалот
23.09.2021 Septemvri Cetvrtok
Легендарниот бразилски виртуоз Роналдо веќе извесно време е бизнисмен и е газда на шпански Валјадолид кој испадна во Втора лига, но очигледно тесните врски кои ги има со Реал Мадрид, прават да го дели мислењето на својот близок и сакан пријател, Флорентино Перез.
Мандатарот на „кралевите“ е оној кој најгласно се залагаше за Суперлигата и во неколку наврати детално излезе да го објасни проектот откако истиот експресно беше поништен од фудбалските фанови и водечките луѓе на УЕФА, но според Роналдо, идејата на Перез, Лапорта и Ањели е навистина добра и нуди далеку поголема возбуда во фудбалот.
Говорејќи во ексклузивното интервју за „Атлетик“, Роналдо даде свое појаснување зошто Суперлигата не е лошата идеја и додаде дека во блиска иднина, таков проект ќе се реализира.
– Ако добро ја разгледате идејата на Суперлигата, таа не е воопшто лоша. Фановите и фудбалската публика сака да гледа најважни натпревари меѓу најдобрите тимови. Вљубениците во фудбалот како што сум јас, сака да гледа натпревар меѓу Реал и Милан или меѓу Реал и Интер, натпревар меѓу Сити и ПСЖ. Овие натпревари сега се возможни само во четвртфиналето или во полуфиналето во Лигата на шампионите.
– Во денешно време, публиката е многу приврзана до она што го смета за свое. Видовме какви протести имаше за Суперлигата во Англија, но тоа се случи бидејќи беше лошо објаснета на почетокот и беше лошо имплементирана. Мислам дека проектот Суперлига има потенцијал и во блиска иднина, ќе има таква иновација која ќе биде добра за клубовите и навивачите, – потенцира Роналдо.
Comments