top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Роналдо го симна Меси од фудбалскиот трон со сензационалниот кам-бек на „Олд Трафорд“ (Фото)

Updated: Sep 23, 2021

22.09.2021 Septemvri Sreda

Угледниот бизнис магазин „Форбс“ прави целосна анализа на случувањата во спортот при крајот на секоја година, а со оглед на последните големи промени кои се случија на фудбалската трансфер сцената, има и поместувања на врвот на листата.

Кристијано Роналдо со кам-бекот во Манчестер Јунајтед му го презема минатогодишниот примат на Лионел Меси како најплатен играч во светот, бидејќи Португалецот се очекува да заработи 125 милиони евра на крајот од оваа година.

„Форбс“ потенцира дека Роналдо ќе заработи 70 милиони евра со својата плата и дополнителните бонуси за комплетирањето на зделката со англискиот великан, а останатите 55 милиони евра ќе ги инкасира од спонзорските договори. Кога се само спонзорите во прашање, Роналдо е на четвртото место земајќи ги во предвид сите спортови, зад Рожер Федерер кој инкасира нестварни 90 милиони евра годишно, како и Леброн Џејмс (65 милиони евра) и Тајгер Вудс (60 милиони евра).

Иако направи сензационален трансфер во ПСЖ, Меси со новиот договор паѓа на второто место зад својот вечен фудбалски ривал на официјалната листа на „Форбс“, со вкупна заработка од 110 милиони евра.

Огромен дел, 75 милиони евра ќе добие од новиот договор и бонусите за прифатената понуда од ПСЖ, а останатиот дел е од спонзорските договори. Во топ 3 и натаму е Нејмар со 95 милиони евра заработка, а меѓу најплатените 10 се уште Мбапе, Салах, Левандовски, Иниеста, Погба, Бејл и Азар.


2 views

Comments


bottom of page