Роналдо го дозна пласманот на „Златната топка“ и го подобри страшниот ефект
Кристијано Роналдо денеска ќе присуствува на церемонијата на доделување на „Златната топка“, која во минатото знаеше и да ја прескокне, а веќе го дозна и својот пласман во 2022 година.
Португалецот имаше тешка сезона со Манчестер Јунајтед, во која повторно беше еден од клучните играчи на „Олд Трафорд“, а освоил доволно гласови за да стигне до 20. место во годинешното рангирање.
Беше јасно дека Роналдо не може да се бори за највисок пласман во ситуација кога еден Лионел Меси не е ниту меѓу финалистите, па 20. место е уште една потврда дека останува во фудбалскиот врв и на 37-годишна возраст.
Со денешната потврда, тој официјално е во Топ 20 на „Златната топка“ цели 17 години по ред, достигнување што ретко кој може да го постигне.
Досега е познато е дека пред Роналдо се пласираа Влаховиќ, Каземиро и Диаз на делба на 17. место, односно Ван Дајк на 16. место.
Comments