top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Роналдо барал од менаџерот да го исфрли Мегваер од стартниот состав

Ралф Рангник не се задржа долго во Манчестер Јунајтед, но располага со многу информации и контроверзни моменти кои засега остануваат еден вид интерна тајна.

Сепак, медиумите се почесто доаѓаат до податоци за одредени моменти поврзани со неуспешната сезона на „црвените ѓаволи“, а еден од нив е поврзан и со дуелот на релација Кристијано Роналдо-Хари Мегваер.

Во периодот кога Јунајтед бележеше слаби резултати, Роналдо барал од Рангник да го исфрли капитенот Мегваер од првиот тим, алудирајќи дека неговата слаба форма влијае на целата екипа.

Кристијано јасно посочил што мисли, но Рангник не сакал да крои планови зад грбот на Мегваер и тоа го нагласил јасно, при што не го ни послушал советот на Португалецот.

Најголемата ѕвезда на „црвените ѓаволи“ барал од Германецот и да настапува во тандем со уште еден напаѓач, идеално во комбинација со Кавани, но Рангник не реагирал позитивно ниту на ова барање на португалскиот фудбалер, – пренесува „Атлетик“.


2 views

Comments


bottom of page