top of page

Роналдињо за свирежите кон Меси и Нејмар: Ја разбирам лутината на навивачите…

Пари Сен Жермен и понатаму ќе продолжи да го сонува трофејот во Лигата на шампионите со тоа што оваа сезона па патот им застана шпанскиот прволигаш Реал Мадрид. „Светците“ беа подобар ривал во најголемиот дел од овој двомеч, но „кралевите“ ги дочекаа своите минути во реваншот и со победата од 3-1 обезбедија место во четвртфиналето. Навивачите на ПСЖ се гневни и лути, па својот бес го покажаа на лигашкиот меч против Бордо на кој постојано исвиркувани беа јужноамериканските ѕвезди Лионел Меси и Нејмар. Многумина ги критикуваа навивачите за ваков потег, но според славниот Роналдињо тие имаат право да бидат незадоволно со оглед на квалитетот и талентот што го поседува составот од „Паркот на принцовите“. -Тоа е еден од натпреварите кога навивачите се лути и разочарани од резултатите бидејќи имаат толку силен тим составен од неколку од најдобрите светски играчи. Ја разбирам нивната лутина затоа што со години го чекаат резултатот во Лигата на шампионите. -Ситуацијата е тешка во моментов бидејќи има големи очекувања, но сигурен сум дека овој голем тим на крајот ќе направи нешто многу добро и посебно, -порача славниот Бразилецот кој е во добри односи како со Меси така и со Нејмар.


 
 
 

Comments


bottom of page