Романците велат дека таа е најубавата жена на планетата
Канскиот филмски фестивал доби неочекувана ѕвезда – романската манекенка и актерка Мадалина Генеу, која се појави на црвениот тепих и ги остави без здив сите присутни. 34-годишната Романка ги воодушеви светските медиуми и стана сензација на затворањето на престижниот фестивал во Кан. Манекенката успешно зачекори во филмските води со улогата на Софија Лорен во филмот House of Gucci, а поради нејзиниот изглед многумина ја споредуваат со легендарната актерка. Некои мислат дека е поубава од Софија Лорен, а фановите на Инстаграм сметаат дека моментално е најубавата жена на планетата. На Инстаграм ја следат повеќе од милион луѓе, а на нејзината убавина не ѝ одолеале познатите момци со кои била во врска, како Џерард Батлер, Мајкл Фасбендер и Леонардо ди Каприо.
Comments