Романтичниот балет „Жизел“ на репертоарот на МОБ
Романтичниот балет во два чина „Жизел“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 28 февруари и 2 март со почеток во 20 часот. Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска. Диригент на претставите е Иван Еминовиќ. Костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло-дизајн: Милчо Александров. На 28 февруари во главните улоги ќе настапат Марија Кичевска-Шокаровска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Ивана Коцевска, Игор Веланоски, а на 2 март во главните улоги ќе настапат: Мими Поп Алексова-Атанасовска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Илијана Данилов, Бобан Ковачевски. Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и Балет.
Comments