top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Романот „Леон, ученикот на волшебникот“ на Жарко Милениќ објавен на македонски

„Македоника литера“ неодамна го објави романот – бајка „Леон, ученикот на волшебникот“ на Жарко Милениќ, во превод од хрватски јазик на Елена Саздовска.

„Овој сказновиден роман на Милениќ е првиот од трилогијата романи за деца поврзани со истиот главен лик (1. Леон, ученикот на волшебникот; 2. Леон во Стаклената шума; 3. Антадор, учителот на Леон). Станува збор за книжевно-естетско остварување со високи вредности: според јазикот и стилот, организацијата на текстот, длабоко осмислената фабула и течната нарација, при што е карактеристичен класичниот стил на раскажување во духот на народната приказна, односно на бајката, со романизирана структура. Книгата, како и трилогијата, доби високи оценки од книжевната критика“, посочува издавачот.

Книгата „Леон, ученикот на волшебникот“ првпат е објавена во 2004 година во Хрватска, а потоа и во БиХ, Украина, Ерменија и во Бугарија. Содржи поучни приказни за растењето, наменети за децата, но и за оние коишто сè уште во душата се чувствуваат така. Леон треба да стане крал, но тој не го сака тоа. Тој само сака да чита книги, додека пак неговиот помлад брат го интересира само владеењето со кралството…

Жарко Милениќ (1961, Брчко, БиХ) е автор на повеќе од триесет прозни дела, романи, книги со раскази и критички текстови, стихозбирки. Негови дела се преведени на македонски, украински, ерменски, руски, француски и англиски јазик. На македонски јазик се објавени „Ги изеде дождот“ (роман), „Од училиште до дома“ (раскази), „Заедно“ (роман), како и Антологијата на хрватски научно-фантастични раскази, чиј приредувач е тој.


5 views

Comments


bottom of page