top of page

Романот „Еден ден во декември“ на Џози Силвер на македонски

05.03.2021 mart petok

Во издание на „Бата прес“ на македонски јазик е објавен романот „Еден ден во декември“ од британската писателка Џози Силвер. Како што соопшти издавачот, станува збор за бестселер кој уште во првата година по издавањето бил на врвот на листите во водечките светски весници и списанија.

„Силвер напиша топла и моќна сторија за љубовта, губењето и пријателството, со чиишто ликови се поистоветуваме. Ова е книга на која постојано ќе се навраќате“, напиша познатиот книжевен критичар и есеист Џил Сантиполо.

Џози Силвер е писателка на романтични љубовни приказни. Нејзиниот роман „Еден ден во декември“ беше на бестселер листата на „Сандеј тајмс“ и „Њујорк тајмс“. Преведена е на повеќе од 25 јазици.


 
 
 

Коментари


bottom of page