Романија и Чешка стојат на патот кон СП 2023
Updated: Feb 2, 2022
01.02.2022 Januari Vtornik
РАКОМЕТ
Репрезентациите на Романија и на Чешка ќе ѝ бидат ривали на Македонија во бараж-дуелите за пласман на СП 2023 година, кое ќе се одржи во Полска и во Шведска. Тоа е епилогот на ждрепката што беше влечена во Будимпешта. Македонија во првиот бараж-дуел ќе игра против Романија. Првиот меч е во Скопје, на 16 март, а реваншот на гости на 19 март. Ако избраниците на Кирил Лазаров ја елиминираат Романија, следна и последна пречка во квалификациите за СП 2023 ќе биде стариот познаник Чешка. Првиот натпревар Македонија ќе го игра помеѓу 11 април и 17 април. Првиот на гости, а вториот во Скопје. Македонската репрезентација на големата ракометна сцена игра во континуитет од 2012 година, од настапот на ЕП во Србија, каде што го постигна и најголемиот успех со петтото место. – Квалитетни репрезентации без назнака на големи фаворити. Имајќи предвид дека Романија ја предводи шпанскиот селектор Чави Пасквал и дека реваншот го играме во Романија, првата пречка е потешка од вториот бараж-дуел против Чешка. Сигурно дека имаме шанса, со добри подготовки можеме да ја искористиме оваа можност и да се квалификуваме на СП 2023 – вели Магдинчев. Романците мораа да го поминат претквалификацискиот турнир за да стигнат до првиот бараж, а таму ги совладаа Израел и Молдавија. Македонија ја победи Романија во баражот за пласман на СП 2019, откако во Скопје беше 32-24 за Македонија, а во Клуж, Романците славеа со 26-25. Дуели имаше и рамките на квалификациите за СП 1998, а се одиграа една година порано, Македонија победи во Скопје со 32-22, а загуби во Орадеа со 25-32. Чешка е репрезентацијата со која Македонија играше во квалификациите за ЕП 2018, ЕП 2016, како и бараж за СП 2017, а беа ривали и на завршницата на ЕП во 1998, 2012, 2014, 2018 и во 2020 година. За паметење е победата на Македонија во 2016 година, кога во Скопје славеше со 34-27 и со тоа ја надомести негативата од шест гола на гости (22-28), со што се пласира на СП 2017.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2023
ПРВ БАРАЖ Македонија – Романија Украина – Финска Италија – Словенија Португалија – Швајцарија Австрија – Естонија Грција – БиХ Словачка – Белгија Израел – Литванија Фарски Острови – Белорусија мечевите се на 16 и 19 март
ВТОР БАРАЖ Украина/Финска – Хрватска Италија/Словенија – Србија Порт./Швај.- Холандија Австрија/Естонија – Исланд Грција/БиХ – Црна Гора Македонија/Романија – Чешка Словачка/Белгија – Русија
мечевите се на 11 и 17 април
Comments