Рома ќе го испрати Ѕаниоло во Јувентус, но инсистира на еден фудбалер во спротивен правец
Во Италија веќе на сите им е јасно дека Николо Ѕаниоло сака да ја напушти Рома и по секоја цена да се пресели во Јувентус, но двата клуба засега не напредуваат премногу во преговорите. Јувентус имаше идеја да го вклучи и Артур во договорот со што би ја намалил трансфер сумата, но Жозе Мурињо има поинаква идеја. Португалецот го пикирал Денис Закарија и сега тој е фудбалерот кој може да го придвижи пристигнувањето на Ѕаниоло во Торино, – пренесува порталот „Goal“. Сега главен проблем е проценката на вредноста на Закарија, бидејќи Јувентус смета дека вреди 20 милиони евра, а Рома двојно помалку. Играчот за врска дојде во редовите на „бјанконерите“ во јануари и било навистина невообичаено да си замине по само една полусезона. Од друга страна, на Рома и е потребен ваков вид фудбалер, а ќе се согласи на продажба на Ѕаниоло бидејќи договорот на фудбалерот истекува по две години и тој нема намера да го продолжи.
Comments