top of page

Рома отворена за продажба на Ѕаниоло, играчот пред преселба во Премиер лигата

Jan 20, 2023
1 min read

Од редовите на Рома се одлучиле да не му стојат на патот на својот играч, Николо Ѕаниоло и да му дозволат да си замине од клубот уште во јануарскиот преоден рок.

Преговорите за нов договор на италијанскиот репрезентативец биле стопирани и од клубот му дале зелено светло на Ѕаниоло да преговара со други тимови во кои би ја продолжил кариерата.

Во моментов најзагреан клуб за неговиот потпис е Тотенхем кој е предводен од Антонио Конте кој добро ги знае квалитетите на офанзивецот кој во последно време мака мачи со повредите и нема баш најстандарден ритам.

Рома за да го ослободи од обврските ќе бара околу 40 милиони евра, сума која не би требало да претставува проблем за „петлите“ од Северен Лондон.


 
 
 

Comments


bottom of page