top of page

Рома му пресуди: Аквилани остана без работа во Серија А (Фото)

Nov 9
1 min read

09.11.2026 Noemvri Ponedelnik

Роберто Аквилани го замени Фабио Гросо на клупата на Сасуоло во текот на летото и се избори за прва елитна работа во својата кариера, но престојот во Серија А сепак не траеше долго за поранешниот играч за врска.

Првото искуство во италијанската елита како тренер траеше едвај пет месеци, бидејќи Сасуоло реши да му врачи отказ по петте порази во низа во домашното првенство.

Колку и да звучи сурово, реалноста вели дека Рома е таа која му пресуди на Аквилани, откако неговиот поранешен клуб славеше со 3:0 на натпреварот кој се одигра изминатиов викенд.

За време на неговиот краток престој на клупата, Аквилани го предводеше тимот на вкупно 13 официјални натпревари во сите натпреварувања, остварувајќи биланс од 4 победи, 2 нерешени резултати и 7 порази.

Хајлајт за Аквилани од овој период сигурно ќе биде победата од 3:2 над Јувентус, триумф кој се покажува како последен момент за радост од оваа кратка етапа на „Мапеи“ стадионот.


 
 
 

Comments


bottom of page