top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Рома експресно договори засилување од Бундеслигата

Жозе Мурињо јавно посочи дека не е најзадоволен од актуелниот преоден рок, а директорите успеаја да договорат засилување во пресрет на продолжението на сезоната.

Без многу шпекулации и драматизирање, Рома денеска го договорила Сaрдар Азмун, фудбалерот на Баер Леверкузен, кој веќе ја прифатил понудата на „волчицата“ и соработката со Мурињо.

Претходно и Милан се обидуваше да го убеди Азмун да се пресели во Италија, но Иранецот сепак се одлучил да настапува за римскиот клуб.

Интересно е што офанзивниот фудбалер ја напушти својата земја уште пред 10 години, но досега настапуваше само за руски тимови.

Азмун е алтернатива за Дуван Ѕапата, кој имаше договор со Рома, но на крајот не доби зелено светло за трансфер од Аталанта.



1 view

Commentaires


bottom of page