„Ролинг стоунс“ снима со Пол Макартни и Ринго Стар
Ова е соработката што ја чекаа фановите на „Битлси“ и „Ролинг стоунс“. Двата легендарни бенда долго време беа ривали во музичката индустрија. А сега, речиси 60 години од првата средба, се чини дека „Ролинг стоунс“ и двајцата преживеани од „Битлси“ се здружија и создаваат нова музика за албум на „Стоунс“, дознава „Вараети“. Членовите на „Битлси“ немаа нови песни со децении и ретко дури и свиреа заедно – но, Мик Џегер и неговиот бенд би можеле да бидат катализаторот што им требаше за повторно обединување. „Вараети“ дознава од повеќе извори дека Пол Макартни снимил бас-делови за претстојниот проект на „Ролинг стоунс“, што ќе го води продуцентот Ендрју Ват. Ринго Стар исто така треба да свири на албумот што допрва треба да се најави. Снимањето се одржало во Лос Анџелес во изминативе недели и иако не е јасно кои песни ќе ја сочинуваат конечната верзија – или дали Мекартни и Стар ќе завршат на истата песна – продукцијата на албумот се приближува кон фазата на миксирање. Фронтменот Мик Џегер во 2021 година рече дека бендот направил многу песни, а гитаристот Кит Ричардс во новогодишната објава на „Инстаграм“ минатиот месец откри дека има нова музика на повидок.
Comments