top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Ролинг стоунс“ нема да ја свири Brown Sugar на турнејата во САД

Еден од најголеми хитови на „Ролинг стоунс“, Brown Sugar, нема да биде изведуван во текот на американската турнеја на легендарниот бенд. Бендот реши да ја исфли од листата со песни со кои ќе настапува на турнејата во САД по вознемиреноста од прикази на Афроамериканки и референци за ропство во песната, која достигна прво место во САД во1971 година. Според Би-би-си, оваа одлука е последица на критиките дека Афроамериканките наводно се прикажани на несоодветен начин во песната, како и дека се споменува ропство. Гитарист на бендот, Кит Ричардс, ја потврди одлуката во интервју за „Лос Анџелес тајмс“, но рече дека бил збунет од луѓето што сакале да ја закопаат песната. „Зарем не разбраа дека ова е песна за ужасите на ропството?“, рече тој. 77-годишниот музичар заклучи: „Се надевам дека ќе успееме да ја оживееме песната некаде по патот“. Од друга страна, Мик Џегер изјави дека понекогаш е тешко да се комбинираат сите песни во сет-листата за концерти на стадиони. „Ја свиревме на секој концерт од 1970 година, па понекогаш мислите: ќе ја отстраниме оваа песна и ќе видиме како ќе биде. Можеби ќе ја вратиме“, вели Џегер.



1 view

Comments


bottom of page