top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ролан Гарос објасни зошто не подготви проштален чин во чест на големиот Надал

28.05.2024 Maj Vtornik

Рафаел Надал по се изгледа го одигра последниот меч на Ролан Гарос, па иако ни самиот тој не можеше со сигурност да ја потврди оваа информација, нависитна огромни се шансите дека Шпанецот вчера за последен пат настапи на „Филип Шатрие“ како дел од грен слемот во Париз.

Надал ќе се врати на истиот терен ова лето за да ги игра Олимписките игри, но кога е во прашање следното издание на Ролан Гарос, се поверојатно е дека Рафа на истото би дошол само како гледач.

Шпанскиот тенисер вчера не дочека проштален чин од турнирот за своите 14 освоени титули во Болуњската шума, а бидејќи Амели Морезмо како директорка на Ролан Гарос наиде и на доста критики, поранешната тенисерка почувствува потреба да ја разјасни ситуацијата.

– Како што можете да замислите, имавме нешто испланирано за него. Но, бидејќи Рафа не знае дали ова ќе биде негов последен Ролан Гарос, не сакавме да вршиме притисок. Вратата за можно враќање догодина се уште постои и не сакавме да вршиме притисок со проштален чин.

– Останува на него да одлучи кога сака да добие церемонија каква што заслужува, збогување какво што заслужува. Не го направивме оваа година бидејќи тоа беше негова желба, – изјави Амели Морезмо.


0 views

Comments


bottom of page