top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Рок-легендите „Ван Гог“, Игор Џамбазов и Фиц (Студени нозе) на третото издание на фестивалот Skopje

Фестивалот на акустична музика, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје, Skopje Unplugged, го подготвува своето трето издание, кое ќе се одржи в петок, (25 јуни), на кровот на паркингот во „Сити мол“, со почеток во 18:30 часот. Skopje Unplugged е единствениот фестивал кој третира исклучиво акустична музичка изведба. Оваа година на фестивалот ќе настапат милениците на македонската публика, регионалните рок-легенди „Ван Гог“. Уште позанимливо е дека бендот за првпат ќе се претстави во акустично издание, по незаборавниот настап во Белградска арена, кој се одржа по повод 30-годишнината од нивното постоење. Публиката ќе има можност да ужива и во настапот на неповторливиот шоумен и еден од најактивните домашни музичари Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе бенд, а ќе можат и заедно со Фиц да ги испеат безвременските хитови на „Студени нозе“. Поради почитување на протоколите препорачани од Владата и надлежните институции, влезниците ќе бидат во строго ограничен број, со единствена цел – запазување на сите мерки на претпазливост. Билетите може да се купат на билетарницата во МКЦ, или електронски, со промотивна цена од само 500 денари.


3 views

댓글


bottom of page