top of page

Розберг со критики за Леклер: Не е нормално да се излета на таков начин

Sep 7
1 min read

07.09.2026 Septemvri Ponedelnik

Шарл Леклер не се прослави на Формула 1 трката во Монца, разочарувајќи ги фановите на Ферари, а со еден потег и својот тимски колега Луис Хамилтон.

Возачот од Монако најпрвин го исфрли Хамилтон од патеката уште во првиот круг, а во вториот излета без контакт со друг болид и заврши во заштитната ограда.

Поранешниот Ф1 светски шампион Нико Розберг го критикувал Леклер за случувањата во Италија, потенцирајќи дека се работело за две возачки грешки.

– Не можам да кажам што точно се случи, можеби погонската единица му испорача повеќе сила од очекуваното, но секако не беше нормално. За Формула 1 возач не е вообичаено да полета на таков начин, малку беше чудно, – рекол Розберг, кој зборувал и за дуелот меѓу двата болида на Ферари.

– Според мене, тоа беше уште една грешка на Леклер. Луис беше понапред, мораше да му даде простор да се движи низ кривината, – рекол Розберг.


 
 
 

Comments


bottom of page