top of page

Родри побара од Трамп да се тргне од шампионскиот кадар, Инфантино залудно реагираше Видео светско првентсо фудбал 2026 Америка,Мехико,Канада,финале Америка Ну Џерси

21.07.2026 Juli Vtornik

Родри одигра перфектно Светско првенство и сосема заслужено беше избран за најкорисен играч на турнирот, а покрај тоа што го доби МВП трофејот, ѕвездата на Манчестер Сити беше задолжена за подигнување и на „Златната божица“.

Како капитен на шпанската фудбалска репрезентација, Родри беше задолжен прв да го подигне трофејот кој им се доделува на новите светски шампиони, но пред да дојде до тоа, играчот за врска побара разбирање од Доналд Трамп.

Американскиот претседател ги доделуваше медалите и трофеите во друштво на Џани Инфантино, но исто како и во финалето на Светското клупско првенство, и сега не сакаше да се тргне од шампионскиот кадар.

Родри чекаше Трамп да се поттргне и да им дозволи на шампионите да се најдат во прв план, но залудна се покажа и реакцијата на Џани Инфантино.

Трамп сочека и на крајот беше дел од шампионската слика на „црвената фурија“, па дури потоа се поттргна и остави простор за новите светски шампиони


 
 
 

Comments


bottom of page