top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Родик за трансформацијата на Ѓоковиќ: Своите слабости ги претвори во најголемо оружје

Енди Родик веќе некое време е во тениска пензија, но тој и понатаму со големо внимание ги следи сите настани, случувања во белиот спорт. Американецот своевремено беше светски рекет број еден и е еден од ретките играчи кои има позитивен учинок против Новак Ѓоковиќ (5-4) за кого не крие колку го почитува човекот кој има рекорден број на пехари на грен слем сцената. -Напредокот на Новак само од таа физичка страна беше нешто невидено за мене во светот на професионалниот спорт. Кога играв со него, а мислам дека имам многу солиден рекорд против него, сакав да го истерам од теренот, да ја продолжам размената на удари. Сега тоа е сигурен пат до поразот. Начинот на кој се грижеше за своето тело, не само тренирањето, туку и на детето е неверојатен, не остави ништо недопрено. Тој беше неверојатен професионалец низ годините. Своите слабости ги претвори во најголеми оружја и навистина му честитам за тоа. Ќе биде невообичаено во тенискиот универзум кога Новак ќе се пензионира. Навикнати сме да ја гледаме големината на таквите играчи долго време на теренот, -вели Родик за кого било изненадување што Србинот загубил од Карлос Алкарас на Вимблдон. -Бев шокиран од резултатот на машкото финале на Вимблдон. Пред два месеци мислам дека малкумина можеа да предвидат дека Новак ќе биде поразен на трева. Според мене, неговата доминација на таа подлога во последните десет години е потценета. Тревата е една од оние подлоги на кои на младиот играч му требаат неколку години да се навикне, но Алкарас е поинаков тип на момче. Се мачеше во првото коло на Квинс, не изгледаше сосема природно во тоа, но на крајот изгледаше како да го игра десет години на турнирот, -порача Американецот кој смета дека доаѓа крајот на популарната голема тројка. -Тој петти сет од финалето, за прв пат по долго време го видов Ѓоковиќ на пети. Начинот на кој Алкарас ја создава брзината на играта, ги отвора рамениците и го турка противникот, тоа е толку импресивен. Доаѓаме до крајот на ерата на „големата тројка“, можно е никогаш повеќе да не видиме такво нешто, но Алкарас дојде и ја исфрли сета логика низ прозорецот. Не очекував нова сила, некој доминантен како претходните шампиони, барем да не го покаже тоа толку брзо. Овој човек е вистинската работа. Не само што мислам дека ќе освои двоцифрен број на слемови, туку морам да кажам дека навистина уживав да го гледам како никој досега откако играм“, заклучи Енди.


2 views

Comments


bottom of page