top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Роверот „Персеверенс“ првпат успешно собра примерок од карпа на Марс

03.09.2021 Septemvri Petok

Роверот на НАСА, „Персеверенс“, првпат успешно собра примерок од карпа на Марс, што ќе биде пратен на Земјата за испитување за знаци на антички микробен живот на Црвената планета, пренесува „Индипендент“.

– Имаме примерок! Никогаш не сум бил посреќен кога гледам дупка во карпа – напиша на Твитер главниот инженер на „Персеверенс“, Адам Штелцнер.

Главна цел на роверот е да пронајде знаци на микробен живот, да ја карактеризира нејзината геологија и да го поплочи патот за човечко истражување на Црвената планета.

Примерокот е земен од карпа на гребенот „Тврдина“ во близина на кратерот „Језеро“, каде што роверот се приземји во февруари. Се верува дека во кратерот имало делта на река пред милијарди години, и се смета дека местото содржи потенцијални докази за античкиот живот.

– Има потенцијално постари карпи во регионот „Јужна Сета“, така што овој помлад примерок може да ни помогне да ја реконструираме целата временска рамка на „Језеро“ – изјави Вивијан Сун, еден од научниците вклучен во мисијата.

НАСА се надева дека следната мисија, која ќе биде во координација со Европската вселенска агенција, ќе испрати вселенски летала на Марс за да ги собере примероците и да ги врати на Земјата за анализа.

Примерок од карпа на Марс во цевката за примероци на роверот „Персеверанс“

Овој примерок доаѓа по неуспешниот обид на роверот за земање примерок минатиот месец, кој пропаднал бидејќи примерокот исчезнал. Фрагментите што роверот се обидел да ги извлече од површината биле заглавени во дупката и не биле успешно вметнати во тубите за собирање примероци.



1 view

Comments


bottom of page