top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Роверот „Персеверенс“ откри дека звукот патува побавно на Марс

Роверот „Персеверенс“, лоциран на Марс, им помогна на научниците на НАСА да откријат дека на Црвената Планета звукот патува побавно.

Од слетувањето на Марс, пред нешто повеќе од една година, роверот „Персеверенс“ на НАСА ги користи своите микрофони за да снима звуци на Црвената Планета, вклучувајќи ги силните ветрови и звукот на хеликоптерот „Инџенуити“ што лета низ нејзината атмосфера. Меѓутоа, сега овие снимки им помогнаа на научниците да откријат дека звукот на Марс патува поинаку отколку на Земјата.

Во студијата објавена во списанието „Нејчр“, научниците велат дека откриле оти ретката атмосфера на јаглерод диоксид на Црвената Планета влијае на звукот да патува побавно, додека висината на звукот дополнително влијае на неговата брзина. На Земјата, звукот обично се движи со брзина од 1.235 километри на час. Меѓутоа, научниците открија дека ниските тонови на Црвената Планета се движат со брзина од околу 864 километри на час, а високите тонови со брзина од околу 900 километри на час.

На Земјата, звукот се движи со иста брзина, без разлика дали станува збор за ниски или високи тонови. Но на Марс, ако сте подалеку од изворот, ќе има големо доцнење – вели водечкиот автор на истражувањето, Силвестер Морис.

Звуците се пренесуваат и на пократко растојание на Марс поради поретката атмосфера. На Земјата паѓаат по 65 метри, а на Марс само по четири метри. Тоа би го отежнало разговорот меѓу луѓето оддалечени само пет метри.

За оние што сакаат да слушнат како би се слушнал звукот на птиците и на океанските бранови на Марс, НАСА создаде снимка што покажува како атмосферата на Марс би ја променила нашата перцепција за светот.


2 views

Comments


bottom of page