top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Роботите за длабоко нуркање стигнаа до дното на Атлантикот, последни минути надеж да се спаси екипаж

Потрагата по подморницата Титан, која исчезна некаде во Атлантикот на пат кон остатоците од Титаник, влегува во завршна фаза, предупредуваат експертите. Во неа има пет лица, кои денеска имаат кислород до околу 13 часот, а подводни звуци за кои постои сомневање дека доаѓаат од подморницата се слушале во неколку наврати. Спасувачките тимови имаат само неколку часа пред екипажот да остане без кислород, а точната локација на исчезнатата подморница се уште не е позната. Во меѓувреме Француски истражувачки брод го испрати својот робот на дното на Атлантикот, соопшти американската крајбрежна стража во првото ажурирање за напредокот на спасувачката операција од синоќа. Канадскиот брод Хоризон Арктик, исто така, го распореди својот подводен уред со далечински управувач „кој стигна до дното на океанот и започна потрага по исчезнатата подморница“, соопшти крајбрежната стража. Во исто време, според предвидувањата на експертите, официјално се исцрпени залихите на кислород.


3 views

Comments


bottom of page