top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Роберт Билбилов и Лара Иванова снимија светски дует – „Јас против целиот свет“ (ВИДЕО)

Роберт Билбилов по кој знае кој пат потврди дека е вистински хитмејкер, мајстор на современиот звук и модерната продукција. Новата песна овој пат не ја зачува за себе, туку несебечино ја сподели во дуте со младата и мошне талентирана пејачка од новата генерација, Лара Иванова. Иако ова не му е прв дует, Билбилов подеднакво покажува дека е мултиталентиран автор и изведувач. Дует темата на која Билбилов е комплетен музички автор кој ги потпишува композицијата, аранжманот, продукцијата, миксот и мастерингот и е снимена во неговот студио (Just RB Production), носи наслов „Јас против целиот свет“. Стиховите на неговиот во последно време постојан соработник Роберт Зимбаков совршено се вклопиле во целата проекција, како и вокалните делници на двајцата пејачи. Содржината продолжува после огласот Вратете го видот на која било возраст со овој метод... Sponsored by MonadPlug Музички повеќе од издржана, песната звучи како музичко парче откинато од она што го диктираат новите музички трендови, па да не е испеана на македонски туку на англиски и да не знаете дека се работи за македонски изведувачи, слободно ќе помислите дека е симната од некоја од светските топ листи. Билбилов едноставно е човек кој не само што ги следи модерните музички трендови, туку и самиот подеднакво совршено се вклопува во нив, користејќи ги последните плагини, модерните бои, следејќи го начинот на последните трендови во светската продукција… Затоа и се’ што ќе помине низ неговите раце, уши, воопшто низ неговата креативна работилница и студио, звучи светски. Песната „Јас против целиот свет“ е визуелизирана со едноставно, нискобуџетно, но доволно креатино видео кое овој пат го потпишува Ѓорѓи Вацев, чија визуелизација е сосема солидна поткрепа за приказната и пораката која ја носат во себе стиховите и атмосферата на песната. Како звучи и изгледа „Јас против целиот свет“ на Роберт Билбилов и Лара Иванова проследете во продолжение:








2 views

Comments


bottom of page