top of page

Робен дефинитивно замина во пензија

15.07.2021 Juli Cetvrtok

Еден од најдобрите холандски фудбалери во последните 15 години, Аријан Робен, по втор пат замина во пензија. Робен се пензионираше во дресот на Баерн, направи пауза од една година, а минатото лето се врати во тимот на Гронинген. Сега решил дека е вистинскиот момент навистина да се пензионира. „Фудбалското срце сакаше да продолжи, но одлуката да ја прекинам кариерата е праведна и реална. Од денес повеќе не сум фудбалер. Ќе останам голем навивач на Гронинген“, рекол Робен. Минатата сезона, Робен за Гронинген одигра само седум натпревари, не успеа да постигне гол. „Гледајќи ја минатата сезона, исправно заклучив дека разочарувачки е колку минути минав на теренот“. Покрај во Баерн и Гронинген, Робен во кариерата играл во Челси, Реал и ПСВ Ајндховен.


 
 
 

Comentarios

No se pudieron cargar los comentarios
Parece que hubo un problema técnico. Intenta volver a conectarte o actualiza la página.
bottom of page