Search
РК Прилеп посилен за бекот Рајатоски
Тимот на Прилеп 2010 ги обезбеди услугите на десниот бек Пеце Рајатоски за натпреварувачката 2023/2024. Поранешниот младински репрезентативец на Македонија ја прифати понудата и во нареднава година ќе работи под водство на Божидар Мојсов кој пред неколку дена беше именува за нов тренер на Прилеп. Рајатоски потекнува од Битола, а освен за Пелистер во досегашната кариера има настапувано за Голден Арт, Струга и косовски Кастриоти Феризај. Претходно беа доведени Драган Јелушиќ, Давид Ацевски, Томче Трајчевски и Никола Цветаноски, потписи на нови договори ставија Бурчески, Ангелески и Бикоски.
Comments