Ријана ја продава вилата во Беверли Хилс – фасцинантен ентериер, но на милијардерката нешто ѝ пречи
23.09.2021 Septemvri Cetvrtok
Американскиот пазар на недвижности ја прошири својата понуда за уште една импресивна вила, сопственост на пејачката Ријана, која одлучи да ја продаде за неверојатни 7,8 милиони долари. Вилата што ја купи во 2017 година за 6,8 милиони долари се простира на површина над 660 квадратни метри со пространа градина и базен, а се наоѓа во Беверли Хилс. Сепак, модерно уредената вила која зрачи со луксуз и удобност, се чини дека не е најсреќното решение за милијардерката. Имено, откако ја купи, вилата двапати беше цел на провалници, по што пејачката ја издаде во 2018 година за 35.000 долари месечно. Вилата е изградена во 2015 година во современ стил со традиционални калифорниски детали – изложени дрвени греди и сводови. Луксузниот изглед во бањата и кујната е постигнат со користење на скапи материјали на кои очигледно не се штедело. Главната куќа има шест соби и осум бањи. Главниот апартман на горниот кат вклучува дел за одморање и камин. Новиот сопственик ќе го дочекаат и објекти за забава, па освен што ќе ужива во гледање филм во мини киносала, ќе може да поминува време и на билијард или да вежба во вежбалница. Потоа, ќе може да се освежи во инфинити-базен. Ако успее да ја продаде оваа вила до крајот на годината, за Ријана тоа ќе биде нејзин трет договор за недвижности во Беверли Хилс склучен во 2021 година. Во март оваа година таа купи вила вредна 13,8 милиони долари, а во април регистрираше вила на истата улица за 10 милиони долари.
Comments