Ријана се враќа на сцената со настап на полувремето на „Супербоул“
Деветкратната добитничка на „Греми“, Ријана, се враќа со долгоочекуваниот настап во живо на „Супербоул 57“ в недела (12 февруари) предводејќи го шоуто на полувремето што ќе ја истакне нејзината карипска култура. Пејачката родена во Барбадос нема издадено соло албум од јануари 2016 година, а фановите едвај ќе дочекаат да ја видат 34-годишната суперѕвезда кога ќе излезе на сцената пред милионската глобална публика на стадионот „Стејтфарм“, каде што „Филаделфија иглс“ ќе ги одмери силите со „Канзас Сити шефс“. Ријана изјави дека е инспирирана да го прифати предизвикот по раѓањето на своето прво дете во мај. „Кога ќе станете мајка, нешто едноставно се случува и чувствувате дека можете да го преземете светот, можете да направите сè,“ им рече таа на новинарите во Феникс во четвртокот.
Comentarios