Ријана се враќа на музичката сцена, наскоро две нови песни
Ријана се враќа на музичката сцена – наскоро ќе објави две песни, пренесува списанието „Хитс дејли дабл“.
Таа ги сними за филмот „Црниот пантер: Ваканда засекогаш“ во режија на Рајан Куглер, кој ќе започне да се прикажува во кината низ САД следниот месец.
Компаниите „Марвел“ и „Дизни“ и издавачките куќи „Деф Џем“ и „Вестбери Роуд“, во сопственост на Ријана, ќе издадат албум што ќе содржи песни од споменатиот филм.
Пејачката го издаде својот последен албум „Анти“ во 2016 година, по што реши да се одмори од снимањето песни и се посвети на работата на колекцијата за шминка и долна облека.
Кон крајот на минатиот месец, НФЛ објави дека пејачката ќе настапи на полувремето на Суперболот во 2023 година. За потсетување, раперот АСАП Роки и Ријана во мај станаа родители на момче, чие име сѐ уште не го открија.
Comments