top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ричардс го преведуваше италијанското интервју на Лукаку, Анри се прсна од смеа


Мика Ричарс беше симбол за цврстина, енергија и пожртвуваност во своите најдобри играчки денови во Манчестер Сити, но тешките и незгодни повреди направија да има предвремен крај на играчката кариера. Поранешниот дефанзивец на Сити и шампион од сезоната 2012-та сега се почесто се истакнува со своите експертски анализи во англиските студија, а вчеравечер беше во фокусот заедно со Тјери Анри и Џејми Карагер. Телевизијата „Си-Би-Ес“ стандардно ја ангажираа оваа тројка за натперварите во Лигата на шампионите оваа сезона, а по направените анализи, домаќинката на програмата (Кејт Абдо) побара од Ричард да го преведе интервјуто на Лукаку. Мика беше испратен на позајмица во Италија во редовите на Фиорентина и имаше можност да научи италијански јазик, па вчера беше тестиран пред своите колеги. Ричардс разбираше дел од зборовите, а урнебесниот превод направи Тјери Анри да се прсне од смеа во студиото.


0 views

Comments


bottom of page