Ричард Гир закрепнува од пневмонија и се чувствува подобро
Сопругата на холивудската ѕвезда Ричард Гир, Алехандра, се огласи на социјалните мрежи за да каже дека тој закрепнува од пневмонија и дека се чувствува многу подобро. ТМЗ првично објави дека 73-годишниот актер завршил во болница со воспаление на белите дробови додека бил на семејно патување во Мексико по повод 40. роденден на својата сопруга. Претставник на актерот ја потврди веста во изјава преку е-пошта до „Ен-би-си њуз“, но одби да коментира дополнително. Пред патувањето со семејството Гир имал тешка кашлица, која продолжила да се влошува. Додека бил во Мексико, морал да се прегледа во болница, каде што му била дијагностицирана пневмонија. Актерот останал да преноќи, но следниот ден бил пуштен. Ричард и неговата сопруга Алехандра Гир (поранешна Силва) уживаа во семејниот одмор во нивната викендичка во Нуево Ваљарта пред нејзиниот роденден. На „Инстаграм“ таа сподели детали од патувањето објавувајќи фотографија на која е снимена на плажа со двете деца. Во објавата таа накусо спомна и некои здравствени проблеми во семејството во последните неколку недели. „Ви благодарам на сите за роденденските честитки… по речиси три недели од сите болни во нашето семејство, денес, конечно, се чувствувам многу подобро!“, напиша таа и додаде: „Ви благодарам за сета љубов!“
Kommentare