top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ричард Вилијамс во одбрана на Вил Смит

Ричард Вилијамс проговори во одбрана на актерот Вил Смит и покрај тоа што му удри шлаканица на водителот Крис Рок на „Оскарите“ во 2022 година. Добивај вести на вибер Смит освои „Оскар“ за најдобар актер во главна улога за биографскиот филм „Кралот Ричард“ на минатогодишното доделување на престижните награди, но настанот беше засенет од инцидентот порано вечерта кога Смит упадна на сцената и го удри Рок кога комичарот се пошегува на сметка на неговата сопруга Џеда Пинкет Смит – и сега ликот од филмот се изјасни во негова одбрана. Ричард – кој е татко на тениските шампионки Венус и Серена Вилијамс – гостуваше во ТВ-шоуто „Добро утро, Британијо“ во понеделникот и рече: „Секогаш ќе стојам покрај него“. „Мислам дека го направи најдоброто нешто што требаше да го направи, никогаш не би се згрозил од господин Смит. Всушност, јас многу го ценам“, додаде тој. На прашањето дали гледа грешка во она што го направи Смит на „Оскарите“, Ричард рече: „Не гледам ништо лошо во врска со него. Никој не би требало да критикува некого во недоглед“. „Мислам дека тој реагира исклучително добро и навистина го ценам многу“. По инцидентот, на Смит му беше забрането да присуствува на оскаровска церемонија или на какви било настани поврзани со „Оскарите“ во следните десет години, но Ричард е категоричен дека казната треба да биде укината. Тој објасни: „Забраната, дефинитивно, треба да се укине. Тоа би требало да биде само еден ден или не повеќе од една недела“. На крајот тој порача: „Време е сите да му простат на Вил Смит!“



1 view

Comments


bottom of page